Демонстрант од Хонг Конг кој фрлаше јајца кон полицијата доби 21 месец затвор

Од:

Судот во Хонг Конг вчера го осуди 31-годишниот Пун Хо-чи на 21 месец затвор поради фрлање јајца кон полициска станица во 2019 година.

– Иако јајцата не се оружје за масовно уништување, фрлањето такви објекти кон полициска станица предизвика незадоволство кај полициските службеници, ја поткопа работата на полициската служба и го загрози општеството, соопшти судот.

Оваа пресуда доаѓа во време кога судовите се соочуваат со илјадници случаи на апсења поврзани со минатогодишните политички немири. Големиот број на кривични гонења, како и притисокот за изрекување на строги казни, ги доведоа судиите во непријатна позиција, јави Си-Ен-Ен.

Некои судии во Хонг Конг се најдоа на удар на критики затоа што беа премногу остри кон демонстрантите, додека други беа критикувани дека се премногу попустливи кон нив.

Адвокатската комора на Хонг Конг оваа недела соопшти дека „жали за ирационалните и неоправдани напади врз судството и неговиот персонал“ и ги повика медиумите да престанат да шпекулираат за политичките убедувања на судиите.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше