Пакистанската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите од пред Конзулатот на Франција во Карачи.
Демонстрантите се членови и симпатизери на студентското крило на верската партија Џамат-е-Ислами.
Неколку исламистички организации за денеска најавија демонстрации во повеќе градови во Пакистан во знак на протест против објавувањето на нови карикатури на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“.
Се очекува да демонстрираат десетици илјади луѓе, меѓу кои и следбеници на Џамат-уд-Дава, крило на забранетата милитантна група Лашкар-е-Таиба.