Демонстрации во Будимпешта против нацизмот

Од:

Неколку илјади луѓе се собраа попладнево пред унгарскиот Парламент во Будимпешта на демонстрации организирани во знак на протест против антисемитските коментари во парламентот кои ги изрече пратеник од радикалната партија Јобик.

Демонстрациите започна со интонирање на унгарската химна, а на присутните треба да им се обрати лидерот на владејачката партија Фидес Антал Роган, лидерот на главната опозициска Социјалистичка партија Атила Мештерхази и поранешниот премиер Гордон Бајбај.

Демонстрантите кои дојдоа од целата земја носејќи транспаренти со имињата на нивните градови и села како и анти-нацистички и анти-Јобик пароли. На овој собир присуствуваат и американската амбасадорка Елени Цакопулос Каналакис и израелскиот амбасадор Илан Мор.

Називот на целиот настан е “Масовни демонстрации против нацизмот”, а организиран е од страна на Фејсбук групата “Сите заедно за Фондацијата Ерусалим” со помош меѓу другите и на Федерацијата на еврејските заедници.

Лидерот Јобик Мартон Ѓенѓеши во понеделникот побара да се состави листа на еврејските пратеници и членови на Владата, како и владата да ги поддржи Палестинците во најновиот конфликт во Газа.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати