Демонстрации пред Амбасадата на Франција во Банги

Од:

Стотици луѓе денеска протестираа пред Амбасадата на Франција во Банги, Централна Африканска Република, фрлајќи камења врз зградата и го симнаа француското знаме.

Дел од демонстрантите ја обвинија Франција дека ги поддржува бунтовниците во северниот дел на земјата, додека други побараа француските сили да и помогнат на армијата во задушување на бунтот.

Помала група демонстранти, пред се поврзани со владејачката партија, се собраа пред Амбасадата на САД и ги каменуваа автомобилите во кои имаше белци.

Последните недели бунтовниците зазедоа повеќе градови во северниот дел на Централната Африканска Република. Од 10 декември бунтовничкиот сојуз „Селека“ зазеде и неколку поголеми градови.

Поради немирите во Централна Африканска Република авиокомпанијата „Ер Франс“ денеска го откажа единствениот неделен лет од Париз за Банги, при што авионот со 130 патници се врати на аеродромот „Шарл де Гол“.

Централна Африканска Република стекна независност од Франција во 1960 година.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски