Демократите уште еднаш ќе се обидат д го сменат Трамп пред изборите

Од:

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес најавија дека ќе се повикаат на прилично нејасен уставен амандман и повторно ќе се обидат да го сменат Доналд Трамп.

Овој најнов обид за смена на американскиот претседател доаѓа само на еден месец пред претседателските избори, закажани за 3 ноември.

Планот го презентираше лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која предвидува повикување на уставниот амандман со кој може, иако не е многу веројатно, да се смени претседателот врз основа на проценка за неговата способност да ја води нацијата и на негово место да се постави потпретседателот Мајк Пенс.

Пелоси најави дека денеска ќе ја достави нивната иницијатива за активирање на 25-тиот амандман од американскиот Устав, но шансите демократите да успеат да го сменат Трамп се во доменот на научна фантастика, бидејќи покрај двата Дома на Конгресот со ваквиот развој на настаните мора да се согласи и потпретседателот Пенс.

Американските медиуми пишуваат дека синоќа немаше јасна слика дали Пелоси има доволно поддршка меѓу демократите за ваквиот потег.

Главниот аргумент на Пелоси всушност е прашањето „дали Трамп е ментално подготвен“ да управува со земјата поради лековите што ги прима како дел од терапијата со Ковид-19.

-Претседателот, така да се кажеме, сега е во друга состојба … Јас немам одговор на таквото однесување. Постојат луѓе кои велат дека кога сте на стероиди или Ковид-19, може да имате одредено нарушување во размислувањето, изјави Пелоси за телевизијата Блумберг.

На почетокот на оваа недела Трамп помина три дена во воена болница откако му беше дијагностициран коронавирус.

Би можело да ве интересира

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски

САД го уапсија терористот одговорен за терористичкиот напад во Кабул во 2021 година