Демократите собраа „одбор против Бајден“, целта е да се смени кандидатот за претседателските избори

Од:

Во Вашингтон се собраа група значајни членови на Демократската партија, чија цел е да го сменат кандидатот на оваа партија за ноемвриските претседателски избори, односно да го сменат актуелниот претседател Џо Бајден, тврди американскиот медиум Аксиос.

Како што соопштија, станува збор за „значајни личности од администрациите на Бил Клинтон и Барак Обама“, иако имињата не беа објавени.

Според Аксиос, нивна задача е да го натераат Бајден да се пензионира што е можно поскоро, а нивниот начин на работа е лобирање на поранешните претседатели, собирање информации од националните анкети и донаторски организации.

Нивните методи вклучуваат споделување на мислењата на новинарите со ист став на социјалните мрежи и разговори со членови на Демократската партија во американскиот Конгрес со цел да се „истисне“ Бајден од претседателската кампања.

Од друга страна, Џо Бајден во неколку наврати нагласи дека не планира да ја напушти кампањата. Тој смета дека, без оглед на зголемениот број на гафови и неговата возраст, сепак може да го победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден