Демохристијаните на Меркел сакаат повторно воведување на воена обврска во Германија

Од:

Во германската влада расте загриженоста поради способноста за ангажманот на Бундесверот, и се дискутира за повторното воведување на воената обврска, пишува германскиот весник „Билд“, наведувајќи дека бројот на доброволци во германската армија драматично е намален.

– За осигурување на способноста за воени ангажмани, мора да се стави на проверка одлуката за укинување на воената обврска, изјави членот на претседателството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Кристијан Балдауф, нагласувајќи дека Бундесверот и социјалните служби мораат да останат целосно подготвени за ангажман.
И поранешниот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, исто така од ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, ја критикуваше одлуката за укинување, односно повлекувањето на воената обврска.

– Со мене одлуката за повлекување на воената обврска никогаш не би била донесена, изјави Јунг, но оцени дека сега, две години по таа одлука, е погрешно да се менува законот. Тој предложи да се почека, среднорочно гледано, како ќе се развива ситуацијата во врска со бројната состојба на Бундесверот.

Од редовите на социјалдемократите, пред две години е критикувана одлуката за повлекување, односно суспензија на воената обврска, со оценка дека реформите на Бундесверот, кои подразбираат повлекување на воената обврска од 1 јули 2011 година не се добро изготвени.

Германската влада кон крајот на 2010 година донесе одлука за укинување на воената обврска од 1 јули 2011 година и ги постави насоките за намалување на воените сили од сегашните 240 илјади на 185 илјади војници.

Воената обврска, која во Германија постоеше подолго од 50 години, може автоматски да биде обновена, меѓу останатото, во случај на тензии и заради одбрана на земјата.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија