Делси Родригез положи заклетва како привремен претседател на Венецуела

Од:

Делси Родригез денес положи заклетва како привремена претседателка на Венецуела, два дена откако САД ги уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Форес, во Каракас.

„Нема да си ја одморам раката ниту душата додека не ја видам Венецуела како ја исполнува својата праведна судбина, како слободна, суверена и независна нација.

Се колнам пред народот на Венецуела дека нема да се одморам додека не гарантирам мир и спокојство за републиката“, рече Родригез за време на положувањето заклетва, според Bitlyanews. Родригез е првата жена што ја презема функцијата претседател на Венецуела.

Откако положи заклетва како привремена претседателка на Венецуела, таа рече дека присуствувала на церемонијата „со тага за страдањето нанесено на народот“ на земјата по она што го нарече „нелегитимна воена агресија“ од страна на САД.

Во сабота, 3 јануари, околу два часот по полноќ по локално време, САД ги уапсија Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во воена операција во Каракас. Тие беа однесени во притворниот центар во Њујорк, каде што ќе бидат задржани за време на нивното судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје, кое започна денес.

Би можело да ве интересира

Мадуро ги објави првите фотографии од американскиот затвор: „Остануваме силни, Венецуела повторно ќе се роди“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп објави голем нафтен договор со Венецуела

Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви

Црн биланс во Венецуела: Над 6.000 загинати, десетици илјади се повредени

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829