Делегација на ОН во Сирија

Од:

Во делегацијата на ОН која што денеска треба да отпатува во Дамаск е и високата претставничка на генералниот секретар на Светската организација за разоружување, Анѓела Кејн и шефот на група инспектори Оке Селстре.

„Итар- Тас“ пренесе дека Кејн и Селстре во вторник пристигнале во главниот град на Либан, од каде што треба да отпатуваат во Дамаск, каде што ќе претстојуваат два дена и ќе имаат состаноци во Министерството за надворешни работи на Сирија. Руската агенција потсети дека специјалниот координатор на ОН за блискоисточниот мировен процес, Роберт Сери на седницата на Советот за безбедност при ОН рекол дека Секретаријатот до сега добил 13 пријави за примена на хемиско оружје.

Во почетокот на јули Русија на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун му ги достави резултатите на сопствената експертиза која потврдува дека опозициските екстремисти употребиле хемиско оружје во предградието Алепа на 19 март.

САД, Велика Британија и Франција, од друга страна на Секретаријатот му предадоа докази дека хемиското оружје го употребила сириската власт. „Итар-Тас“ наведува дека Кејн и Селстре од сириска страна ќе ги разгледаат условите за работа на меѓународните експерти кои ќе ги проверат наводите за примена на хемиското оружје во Сирија.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години