Дел Понте: Руската интервенција во Сирија е добра работа

Од:

Поранешната тужителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, која во моментот работи на истрага на кршење на човековите права во Сирија, ги поддржа денеска руските воздушни напади врз терористичките групи во земјата, пренесе Танјуг.

– Во целина, мислам дека руската интервенција е добра работа, бидејќи конечно некој врши напади на терористички групи, рече Дел Понте.

Таа меѓу терористичките групи ја стави т.н. Исламска држава и Фронтот Ал Нусра.

Поранешната тужителка, а сегашна членка на Комисијата на ОН за истрага во Сирија, сепак додаде дека Русите „изгледа не прават доволно разлика меѓу терористите и другите, а тоа не е добро“.

Би можело да ве интересира

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски