Дел од членките на НАТО намалуваат расходи за одбрана

Од:

Дел од членките на НАТО ги намалуваат расходите за одбрана и покрај наводите дека тоа нема да се случува, наведува организацијата Европска лидерска мрежа.

Во извештај се вели дека Велика Британија, Канада, Гермнаија, Бугарија, Унгарија и Италија се на пат да ги намалат расходите за одбрана во 2015 година.

– И покрај руската агресија во Украина и реториката на лидери во НАТО, тоа е фактор што предизвикува значителна промена во европската безбедност и сите податоци укажуваат дека нештата продолжуваат по старо, вели Иан Киарнс директор на ЕЛМ.

Во септември лидерите во НАТО ветија дека „нема да ги намалат буџетите за одбрана“.

На 6 февруари генералниот секретар на НАТО изјави дека лани вкупните расходи за одбрана на државите членки се намалиле за 3 отсто.

– Факт е дека се зголемуваат предизвиците за нашата безбедност. Но, нашите расходи за одбрана се намалуваат, рече Столтенберг кој ја оквалификува таа состојба како нетолерантна.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството