Дејвис: Велика Британија е подготвена да излезе од ЕУ и без договор

Од:

Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис денеска изјави дека Велика Британија сака да постигне договор со Европската унија, но и оти е подготвена да си замине без него.

На годишната конференција на владејачката Конзервативна партија во Манчестер, Дејвис нагласи дека британската Влада не сака неуспешни преговори, но сепак подготвува резервен план за да не биде изненадена од каков било можен развој на настаните.

– Во преговорите нашата цел е да постигнеме добар договор. И токму таков договор очекуваме да постигнеме. Доколку резултатот од преговорите сепак не биде договорот, од кој има потреба Велика британија, тогаш ние сме подготвени за алтернатива, посочи Дејвис.

Според него, тоа би направила една одговорна Влада, а се друго би било грашка.

Дејвис нагласи дека Белика Британија е близу од договор во однос на правата на грагаѓаните на Унијата – едно од основните прашања, кои се договорени за првата фаза од преговорите.

Позицијата за Брегзит на најголемата британска опозициска Лабуристичка партија, тој ја опиша како „нејасна“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он