Дејвид Камерон е против вракањето на „елгиновите мермери“ на Грција

Од:

 Британскиот премиер Дејвид Камерон е против враќањето на Грција на т.н. „Елгинови мермери“, што безмалку два века се чуваат во Британскиот музеј во Лондон.

Камерон, исто така, е против тоа на Индија да и се врати и 105 каратниот дијамант Кох-и-Нор, кој е дел од британската кралска круна.

Во изјава за медиумите Камерон вели дека враќањето на „Елгиновите мермери“ и прочуениот дијамант, „не е вистнскиот приод за овие прашања“.

Ваквата изјава на британскиот премиер предизвика остра реакција на британскиот Kомитет за враќање на грчките антички споменици. Членовите на овој Kомитет подолго време лобираат кај британските власти, подржувајќи ја грчката Влада, во барањето во Атина да се вратат мермерните орнаменти од храмот Партенон на Акропол.

Лордот Елгин во 1816 година од отоманските власти ги откупил орнаментите од Партенонот, во обидот да ги спаси од уништување и ги префрлил во Велика Британија. Подоцна сите му ги предал на чување на Британскиот музеј, каде се уште се наоѓаат.

Повеќе грчки влади „војуваат“ со Британците околу Елгиновите мермери, откако некогашната министерка за култура Мелина Меркури поднесе и тужба против Велика Британија. Грчката страна тврди дека мермерите „се украдени“ во договор со тогашните отомански власти, па според тоа договорот на Елгин за откуп на мермерите, не е валиден.

Сите досегашни британски премиери ги отфрлуваат барањата на Грција, па Владата во Атина, откако во 2009 година изгради специјален музеј за античките споменици, сега и нуди на британската страна спогодба. Според неа, Елгиновите мермери да останат сопственост на Британскиот музеј, но античките орнаменти на неопределн рок да му се дададт на чување на музејот во Атина.

Премиерот Камерон со својата сегашна изјава покажува дека не прифаќа трансфер на спомениците од Лондон во Грција.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете