„Дејли телеграф“ пресмета колку ќе заработува Херман Ван Ромпуј без да работи

Од:

Досегашниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј ќе добива стотици илјади евра без што било да работи, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.

Весникот пресмета колку ќе добива Ван Ромпуј во текот на следните три години и констатираше дека тој ќе земе над 631 илјада евра.

По повлекувањето од функцијата Ван Ромпуј ќе добива по 168.105 евра годишно, што е 55 отсто од неговата основа плата. Оваа сума тој ќе ја добива до декември 2017 година.

Ван Ромпуј ќе добие и еднократна сума од 26.540 евра, а кога ќе наврши 67 години ќе има право на доживотна пензија на европски службеник од 65.720 евра.

Овие суми Ван Ромпуј ќе ги добива без да се бара од него што било да работи и при даночна стапка, која за европските службеници е многу пониска во споредба со таа за останатите граѓани, родени во Белгија.

Ван Ромпуј, поранешен белгиски премиер, се повлече од политиката за да се посвети на неговото хоби, пишување хаику поезија и планира повремено да држи предавања на Колеџот на Европа.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски