Дејли Телеграф: Британски конзервативци ја поддржуваат кандидатурата на Џонсон за генерален секретар на НАТО

Од:

Истакнати британски конзервативци ја поддржуваат идејата Борис Џонсон да стане следниот генерален секретар на НАТО, но скептиците сметаат дека Франција најверојатно ќе стави вето на неговата кандидатура, пишува Дејли Телеграф.

Изданието забележува дека Џонсон е уште еден британски политичар за кој се зборува дека е во трка за функцијата.

Досега се споменуваа имињата на министерот за одбрана Бен Валас и поранешните премиери Тереза ​​Меј и Дејвид Камерон.

Конзервативецот Ричард Дракс, висок член на Комисијата за одбрана на Долниот дом, изјави за весникот дека ќе го поддржи Џонсон за лидерската функција во НАТО, доколку тој тоа го сака.

Следниот политички шеф на НАТО требаше да биде објавен во септември минатата година, но изборите беа одложени за една година поради војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје