Дејли мејл: Путин регрутираше 35.000 затвореници, силувачи и канибали од Сибир

Од:

Рускиот претседател веќе регрутирал 35.000 затвореници, вклучувајќи силувачи, убијци, па дури и манијакален канибал, пишува Дејли мејл.

Новите регрути, испратени во војната во Украина, ќе бидат помилувани и ќе можат слободно да живеат и да се движат во општеството без оглед на злосторствата што ги направиле, доколку преживеат шест месеци борејќи се против украинските сили.

Британскиот весник пишува дека оваа недела шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, ја посетил областа на поранешниот логор Гулаг во Источен Сибир и рускиот Далечен Исток за да привлече уште повеќе осудени криминалци.

Се сомнева дека илјадници руски затвореници веќе загинале во борбите бидејќи биле користени како т.н. топовско месо за забавување на украинската контраофанзива.

Исто така, 40 затвореници биле егзекутирани поради дезертирање или предавство од страна на членовите на злогласната приватна платеничка армија, како што тврди Олга Романова, шеф на невладината организација за правата на затворениците за телеграмскиот канал „Можем Објаснит“.

Зборувајќи за новите регрути кои се извлекуваат од затворите ширум Русија, Романова рече: „Слушнавме дека тој (Пригожин) почна да прима и силувачи“.

„Тие примија и манијак од затвор во Саратовската област, кој исто така има канибализам во своето досие“, додаде таа.

Романова вели дека најновите податоци за затворениците ослободени да се борат во Украина се движат меѓу 30.000 и 35.000, додека друг извор вели дека бројот на убијци меѓу нив е стотици.

„Дејли мејл“ пишува дека регрутирањето на затворениците од затворите со висока безбедност започнало во јуни, а со патувањето на Пригожин во регионот Приморски, сега се одвива од Балтикот па се до Пацификот вклучувајќи го и Сибир. Ова опфаќа околу 30 области или региони.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ