Вселенскиот телескоп на НАСА, Кеплер, кој ги истражува планетите оддалечени со илјадници светлосни години од Земјата, претрпе тежок системски дефект.
Инжинерите на НАСА забележале дека Кеплар е во дефект откако го ставиле на „save mode“. Утврдено е дека дефектот се случил на еден од четирите тркала со кои телескопот се движи.
Ако не се изнајде решение за дефектот на Кеплер можно е да биде откажана мисијата.
Кеплер е испратен во Вселената да ја истражи состојбата на планетите слични на Земјата, на кои би можело да се воспостави живот.
Од НАСА наведуваат дека се уште не можат да дадат прецизен одговор што се случило со телескопот.
Кеплер е лансиран во 2009 година и се досега неговата мисија поминуваше без проблеми и дефекти.
НАСА минатиот месец соопшти дека телескопот пронашол две планети малку поголеми од Земјата.