Дедото на Бер Грилс му бил кошмар на Хитлер

Од:

Прочуениот инструктор за преживување, Бер Грилс дал авторски права за пишување на серијал романи за потфатите на неговиот дедо, Тед Грилс, британски специјалец и херој од Втората светска војна, кој му бил кошмар на Хитлер.

Чистејќи го својот таван, познатиот авантурист открил кутија со тајни документи за мисиите кои го загоручувале животот на Хитлер, а кои ги предводел неговиот дедо, па решил да ги сподели. Меѓутоа по цена од 1,8 милиони евра.

Тед Грилс бил дел од специјалната единица чија задача била фаќање на нацистите кои работеле на ужасно тајно оружје – интеконтинентални балистички ракети. Се до крајот Хитлер тежнеел дека со помош на овие ракети ќе ги бомбардира американските градови.

Сеќавањето на мојот дедо ќе опстои преку овие книги, истакнал Грилс.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска