Група деца од Португалија, погодени од најголемите пожари во историјата на земјата, собираат пари за поднесување тужба против 47 европски земји.
Најголемиот шумски пожар во историјата на Португалија во текот на јули и август оваа година однесоа 60 животи, а стотици луѓе се повредени.
Огнената стихија директно влијаеше врз група од шест деца на возраст меѓу пет и 14 години, кои ги обвинуваат европските држави дека ги загрозиле нивните животи, бидејќи не придонеле доволно во борбата против климатските промени.
Децата ги застапуваат британски адвокати за заштита на животната средина, поддржани од организацијата Глобал Легал Екшн Нетворк. Нивна цел е да соберат 20.000 фунти за обезбедување докази, односно 350.000 фунти и покренување на случајот пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Главниот адвокат на групата Марк Вилерс изјави дека најавената тужба би била прва во историјата, која поради климатски промени ќе изведе пред суд истовремено неколку влади.
– Климатските промени предизвикуваат многу проблеми, но ако морам да ги наведам оние кои најмногу ме загрижуваат тогаш тоа е зголемено ниво на морето кое ги уништува брегот, браните, патиштата и куќите. Исто така и зголемениот број на шумски пожари во последно време, особено ова лето, кога од огнот загинаа многу луѓе и ја обвија нашата држава во жалост, истакна едно од децата.