Само еден месец откако Европската комисија на Жан-Клод Јункер ја доби довербата на Европскиот парламент, вечерва по иницијатива на партиите од екстремната десница, европратениците повторно расправаат за нејзина доверба, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Резолуцијата за недоверба инизицирана од Марко Зани од Италија ја поддржаа 76 европратеници од редовите на Партијата за независноат на Обединатото Кралство (УКИП) и францускиот Национален фронт (ФН), кои првпат настапија обединето во Европскиот парламент.
Тие сметаат, а тоа јасно го повторија и од говорницата во Стразбур, дека Јункер, кој 19 години беше премиер на Луксембург, повеќе нема кредибилитет да претседава со Комисијата, по откривањето на аферата „Луксликс“ за широко распространетото затајување данок во земјата, односно избегнувањето на плаќање данок од страна на мултинационалните компании.
Во вечерашнава дебата претседателите на политичките групи на големите партии од „владејачката коалција“, Манфред Вебер од Европската народна партија, Џани Питела од групата на Социјалистите и демократите и Ги Верхофстад од либералите, ја повторија поддршката на Комисијата и на нејзиниот претседател.
Манфред Вебер упати критика на сметка на евроскпетиците, кои ја поднесоа резолуцијата за недоверба, дека тие „не се претставници на новата Европа како што велат, туку на Европа од минатото“, посакувајќи Комисијата да продолжи да работи понатаму.
Џани Питела предурпеди дека ако и се изгласа недоверба на Комисијата, ќе дојде до нова политичка криза и продлабочување на економската криза, бидејќи ќе се изгуби време за донесувањето на планот за европски инвестиции од 300 милијарди евра кој треба да биде претставен во среда.
Ги Верхофстад со директен напад до британските европатеници од УКИП, партија која нејзиниот основач ја дефинира како „расистичка, ксенфобична и исламофобична“, предложената резолуција за доверба на Комисијата ја оцени како „глупава“.
Лидерката на францускиот Национален фронт со директен напад кон Јункер, изјави дека Французите плаќаат „повеќе данок“, бидејќи тој придонесувал за даночната евазија во Луксембург.
Пред европартениците, Јункер потсети дека се води истрага во Луксмебург и дека побарал од францускиот еврокомесар Пјер Московиси да работи на усогласување на даночните политики на земјите-членки на ЕУ и дека се обврзува да ги исполни обврските и ветувањата преземени од негова страна и од Комисијата пред ЕП.
Зелените и радикалната левица, кои исто така се обидоа да поднесат резолции за недоверба на Јункер, не сакаат да се здружуваат со екстремната десница.
Зелените бараат создавање на независна истражна комисија која би водела истрага за делувањето во Луксембург, надевајќи се дека дргите групи ќе ги поддржат.
Резолуцијата за доверба, за која ќе се гласа на 27 ноември, нема речиси никакви шанси да биде усвоена, бидејчи потребно е за неа да гласаат две третини од европратениците, односно 376.