Деактивирана бомба во Берлин

Од:

Во близина на главната железничка станица во Берлин е деактивирана советска бомба тешка 100 килограми. Во Германија постојат десетици илјади неексплодирани бомби од Втората светска војна.
Советската бомба е деактивирана, откако возовите свртеле на друга станица, а накратко бил запрен и главниот градски аеродром.

Бомбата во вторник вечерта била пронајдена на градилиште, во една населба во градот, во близина на некогашната граница помеѓу Источниот и Западниот Берлин.

Експертите одлучиле бомбата да ја деактивираат на местото каде што ја пронашле, поради што биле евакуирани 150 лица, а пеесетина возови биле упатени на друга станица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија