Де Мезиер: Укинувањето на визите за Турција не е завршена работа

Од:

Двајца германски министри заземаа цврсти позиции во врска со критериумите што Турција мора да ги исполни пред Европската Унија да ги укине визите за турските граѓани.

-Доколку условите за воведување визна либерализација не се исполнети тогаш нема да има визна либерализација. Никој не смее да дозволи јавните закани да влијаат кога се работи за политика, вели во интервју за Функе Медиагрупа министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мазиер.

Согласно договорот ЕУ – Турција во замена за безвизен режим, шест милијарди евра и забрзување на преговорите за влез во Унијата, Турција треба да го запре приливот на бегалци од кризните региони на блискиот Исток и Африка кон Европа.

Дел од 72 предуслови содржани во договорот е укинување на дел од строгите турски закони за борба против тероризмот, на кои инсистира ЕУ,  иако официјална Анкара не сака да се откаже од нив.

Турскиот претседател Ердоган пред неколку дена изјави дека доколку ЕУ не ги симне визите за турските граѓани целиот договор може да пропадне.

Министерот од редовите на социјалдемократите во владата на Меркел Хајко Маас, кој го води ресорот правда, вели дека не е импресиониран од заканите на Ердоган.

-Нема да дозволиме да бидеме уценувани. Господинот Ердоган може да вика колку што сака, изјави Маас за саботното издание на весникот „Оснабрикер цајтунг“.

За наредната недела во Брисел е закажана средба на која што претставници на турската влада и Европската Унија ќе се обидат да ги надминат разликите во врска со антитерористичките закони со цел договорот со Турција да може да стапи во стапи во сила на 20 Јули. 

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија