Датон: Присуството на кинески шпионски брод во Австралија е чин на агресија

Од:

Австралискиот министер за одбрана Питер Датон изјави дека присуството на кинескиот шпионски брод кој беше следен кај западниот брег на Австралија е „чин на агресија“ од страна на Пекинг.

Австралија минатата недела следеше шпионски брод додека пловеше покрај поморската комуникациска станица Харолд Е Холт во Ексмут, што ја користат австралиските, американските и сојузничките подморници.

„Мислам дека тоа е акт на агресија, особено затоа што стигна толку далеку на југ“, рече Датон на прес-конференција, додавајќи дека „бродот бил во непосредна близина на воени и разузнавачки објекти на западниот брег на Австралија“.

Во Австралија на 21 мај се одржуваат национални избори, а наводите за закана за националната безбедност од Кина беа главна тема на кампањата. Датон укажа на „чудното време“ на присуството на бродот со оглед на изборната кампања.

Бродови на кинеската морнарица беа следени неколку пати во близина на северниот и источниот брег на Австралија во последниве години.

Датон рече дека Австралија воведе пракса на информирање на јавноста за присуството на бродови на кинеската морнарица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок