Данската полиција разби синџир на криумчари на оружје и дрога

Од:

Припадниците на Специјалната единица за истраги при данската полиција уапси 31 лице, со што разби синџир на голема организирана криминална група, која криумчарела, продавала и дистрибуирала огнено оружје и дрога во Европа.

Тие се товарат за криумчарење и дистрибуција на 1.650 килограми кокаин. Данската полиција денеска, во акцијата наречена „Голдфингер“, која се занимава со криминални групи од Западен Балкан, изврши претрес во 40 станови, при што се пронајдени огромни количини наркотици, огнено оружје и кеш.

Истрагата е спроведена со соработка со полициските служби и обвинителствата од Германија, Холандија, Словенија, Шведска и Албанија, соопшти Европол.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа