Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

Од:

Шест луѓе однесени како деца од Гренланд во Данска како дел од социјален експеримент денеска добија извинување од данската Влада за вежба што „никогаш не требало да се случи“.

Група од 22 деца од Гренланд – од кои шест сè уште се живи – биле земени од нивните семејства во 1951 година и испратени во Данска, во обид да се создадат услови кои ќе им дадат подобар живот. Тие го научиле данскиот јазик и требало да бидат одгледувани да бидат дел од елитното општество со надеж дека ќе одиграат клучна улога во развојот на општеството во Гренланд и Данска.

Сепак, експериментот не одел според планираното. Шест од децата биле посвоени во Данска, но останатите 16 на крајот биле вратени назад на Гренланд, каде што завршиле во сиропиталиште наместо да се обединат со своите семејства.

Данската премиерка Мете Фредериксен упати извинување во името на својата земја на церемонијата во Националниот музеј на Данска во Копенхаген. Таа го нарече експериментот бездушен и нехуман.

Фредериксен веќе се извини за програмата со писмо во 2020 година. Преживеаните од програмата, исто така, добија отштета од околу 250.000 круни (36.500 долари).

Фредериксен планира да упати уште едно лично извинување кога ќе отпатува на Гренланд во наредните недели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Битка за Гренланд: Стратешката гео-позиција и природните богатства како мотив за “освојување” на арктичкиот остров

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори