Данска ќе убие околу еден милион куни поради зараза со коронавирусот

Од:

Данска ќе усмрти околу еден милион куни откако беше утврдено дека има зараза со коронавирусот на фармите што ги одгледуваат за крзно, објавија локалните власти.

Оваа нордиската земја, која е најголем светски производител на нерц, и претходно убиваше животни на фарми погодени од инфекции, но заразата сè уште е присутна.

Нови случаи се откриени на 41 фарма за куни и се верува дека се погодени уште 20 фарми, или вкупно околу еден милион куни, изјави синоќа на прес-конференција министерот за животна средина и храна Могенс Јенсен.

Како мерка на претпазливост, куните ќе бидат убиени и на фарми лоцирани во радиус од осум километри од фармите во кои се наоѓаат заразени животни.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“