Данска ќе испрати седум борбени авиони Ф-16 за да помогне во борбата против припадниците на Исламска држава во Ирак, изјави денеска премиерката на Данска Хеле Торнинг-Шмит.
– Многу сум задоволна дека сега постои голема коалиција, вклучувајќи ги земјите кои сакаат да дадат свој придонес, изјави Торнинг-Шмит.
Таа рече дека данските борбени авиони нема да ги придружуваат американските борбени авиони кои бомбардираат цели во Сирија.