Данците излегуваат на улица: Не го чепкајте Гренланд!

Од:

Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд се очекуваат денеска во неколку градови во Данска, вклучувајќи го и главниот град, но и во главниот град на Гренланд, Нуук.

На социјалните мрежи, илјадници луѓе изјавија дека ќе учествуваат во протести во Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Орхус, Алборг и Оденсе, на иницијатива на неколку гренландски организации.

„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права во Гренланд“, објасни Уагут, националната организација на граѓани на Гренланд во Данска, на својата веб-страница.

Организаторите Уагут, граѓанското движење „Раце од Гренланд“ и Инуитите – коалиција од локални здруженија на Гренланд – сакаат да го искористат присуството на делегацијата на американскиот Конгрес во Копенхаген за да го кажат својот глас.

Откако се врати на власт пред една година, Доналд Трамп редовно споменува преземање на контролата врз огромниот, стратешки важен, но ретко населен арктички остров што ѝ припаѓа на Данска.

Тој тврди дека ќе го окупира „на еден или друг начин“, со цел да се спротивстави, според него, на руските и кинеските интереси на Арктикот.

Синоќа неговиот близок советник Стивен Милер ја потврди позицијата на САД за територијата.

„Гренланд е со големина колку една четвртина од САД. Данска, со сето должно почитување, е мала земја со мала економија и мала војска. Не може да го брани Гренланд“, изјави тој за „Фокс њуз“.

Но, САД немаат намера да „трошат милијарди долари за одбрана“ на таа територија, а својот суверенитет да ѝ го препуштат на Данска, додаде тој.

Франција, Шведска, Германија и Норвешка, заедно со Холандија, Финска и Обединетото Кралство, оваа недела објавија распоредување на воен персонал за извидувачка мисија во Гренланд како дел од данската вежба „Арктичка издржливост“, организирана со сојузниците на НАТО.

Би можело да ве интересира

Нов ултиматум на Трамп до светот: Поддржете го американскиот Гренланд или ќе следат високи царини

Словенија влегува во „студената војна“ за Гренланд, испраќа двајца офицери

Предраг Петровиќ

Данската војска се подготвува за евентуален напад врз Гренланд

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Европа испраќа 34 војници да го „одбранат“ Гренланд од САД

Белата куќа потврди дека САД ќе го „преземат“ Гренланд: „Не е важно што европските војници се таму“