Дамаск: Повреден вработен во кинеската амбасада

Од:

Сириски работник во кинеската амбасада е полесно повреден кога од минофрлачки проектил беше погодено дипломатското претставништво во Дамаск, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Портпаролот на министерството Хонг Леи изјави дека Кина е шокирана поради нападот.

Два автомобили беа запалени кога проектилот вчера ја погоди амбасадата. Пред неколку дена проектили ги погодија и ирачката и руската амбасада во центарот на Дамаск.

Кина, Русија и Иран даваат поддршка за режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Хонг нагласи дека Кина ги повикува учесници во судирите во Сирија, да престанат со насилството и да започнат разговори за воспоставување мир.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија