Дали се подготвува меѓународен конфликт? Јасно предупредување

Од:

Ризикот од меѓународен конфликт со учество на големи држави е во пораст, предупреди претседателот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мили.

„Во светот во кој живееме, постои можност за сериозен меѓународен конфликт во кој би учествувале големи држави. Таа можност не се намалува, туку се зголемува“, рече Мили, додавајќи дека под големи држави мисли на Русија и Кина.

„Во моментов имаме работа со две големи земји, Русија и Кина, и секоја од нив има силен воен потенцијал и двете земји се обидуваат да ги променат сегашните правила врз основа на сегашниот светски поредок“, додаде тој.

Претходно, Мили се залагаше да се изградат постојани бази во Европа, во земјите од источното крило на НАТО или барем да се опремат со ротирачки персонал, токму поради се поголемата веројатност за посериозен конфликт меѓу големите држави.

Според него, ротацијата на „експедиционите сили“ во такви бази ќе овозможи да не се трошат пари за изградба на инфраструктура за семејствата на воениот персонал, вклучително домување или училишта.

Мили додаде дека многу европски сојузници на САД, вклучувајќи ги Полска и Романија, сакаат да изградат и финансираат постојани бази.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он