Дали Хонг Конг ќе им го испорача Сноуден на САД?

Од:

Властите на Хонг Конг не се огласија по повод објавата на американското федерално обвинителство за тужбата, против поранешниот работник на Националната безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден, поради шпиунажа и обелоденување на тајни документи.

Американското обвинителство од властите во Хонг Конг побара да го притворат Сноуден, но медиумите пренесуваат дека тој е под полициска закрила.

Повикувајќи се на неименувани извори „Ројтерс“ пренесе дека САД се подготвуваат од Хонг Конг, кој што е дел од Кина и има широка автономија и независното судство, да бараат испорачување на Сноуден.

Властите на Хонг Конг не се огласија по тоа прашање, но некои пратеници соопштија дека со тоа би требало да се занимава кинеската влада.

Кина во 1997 година воспостави контрола над Хонг Конг и има висок степен на автономија, но сепак Пекинг е тој кој интервенира кога се во прашање одбраната и дипломатските односи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска