Дали Брајан Волш имаше помошници?

Од:

Брајан Волш (46) беше обвинет за убиство на неговата сопруга Ана Волш (39), која исчезна на 1 јануари, а инспекторите собраа сет докази против сопругот на белграѓанката. Меѓу доказите се и пребарувањата на Интернет за тоа како да се фрлаат телата, потоа реконструкцијата на движењата на Брајан, но и пронајдени работи со ДНК од Ана на нив.

Сега се поставува прашањето – дали некој му помогна на Брајан во убиството? Ако тоа се покаже дека е вистина, очите на истражителите се вперени во две лица. Американското обвинителство ќе ја испрашува Дијана Волш, мајката на Брајан Волш, како дел од истрагата за исчезнувањето и убиството на Ана Волш, објавија американските новинари.

Дијана плаќала кирија за куќата во која живеело семејството Волш и каде, очигледно, се случило злосторството, а таа често престојувала кај нив. Обвинителството најмногу ги интересира одговорите на прашањата дали знаела дека делото се случило и дали знаела или учествувала во чистењето на подрумот каде што биле пронајдени крвав и оштетен нож и траги од крв.

Дополнителен сомнеж го поттикнуваат тврдењата дека по апсењето на нејзиниот син, Дијана Волш била фотографирана во близина на куќата во Кохасет, од каде исчезнала Ана Волш. Познато е и дека Ана немала добри односи со својата свекрва, а доказ за тоа е писмото на Дијана што го испратила до судот кога Брајан во 2018 година бил уапсен поради измама поради продажба на лажни уметнички дела.

Брајан Волш првично беше уапсен на 8 јануари поради попречување на истрагата, кога се дозна дека лажел за своите движења во деновите по исчезнувањето на Ана. Неговото алиби беше приказната дека ќе оди да ја посети мајка си во Свампскот, како и дека ќе и купи намирници. Надзорните камери никогаш не го потврдија ова, но Брајан беше забележан во близина на куќата на неговата мајка како фрла нешто во контејнер. Некои од клучните докази подоцна беа пронајдени во контејнерот.

Според досегашните докази, Брајан 48 часа пребарувал на Интернет како да се ослободи од телото. Тоа значи дека телото на несреќната жена извесно време било во куќата, бидејќи истражителите се сомневаат дека ја убил во подрумот од куќата. За тоа време во куќата имало бебиситерка, која ја спомнал и самиот Брајан.

Оттука, постои сомневање дека можеби имала одредени сознанија за делото. Според неговата изјава што ја дал откако Ана била пријавена за исчезната, на 2 јануари го однел своето шестгодишно дете на милкшејк, додека бебиситерката била во куќата со другите две деца.

Како што изјавил полицаецот кој учествувал во потрагата по Ана Волш, било утврдено дека оваа изјава на Брајан е точна, а Брајан бил надвор од дома со детето во периодот од 8 до 10.30 часот наутро. Тоа би значело дека бебиситерката била во куќата во Кохасет додека телото на Ана било таму.

Ана Волш исчезнала на 1 јануари, кога според приказната на Брајан заминала на лет за Вашингтон, но тоа се покажало дека е лажно. Нема докази дека таа ноќта ја напуштила куќата. По 16 дена исчезнување, Брајан беше обвинет за убиство.

Обвинителот му го прочита обвинението на Брајан и го детализираше редоследот на настаните по 1 јануари. Во него детално се опишани движењата на Брајан, како безбедносните камери го снимиле на повеќе локации кои Брајан не ги спомнал во интервјуто со полицијата, опишувајќи како, меѓу другото, бил снимен како купува средства за чистење.

Би можело да ве интересира

Брајан Волш осуден на затвор за уметничка измама

Истражителите го имаат клучниот доказ за убиството на Србинката Ана Волш, се чекаат анализите

Американската полиција доби мистериозна порака седум дена по исчезнувањето на Србинката

Предраг Петровиќ

Нови детали за убиството на Србинката Ана Волш: Сопругот ја распарчил поради љубовник

Катерина Ѓуровски

Брајан Волш денеска се појави на суд: Обвинет е за убиство на сопругата Ана

Брајан Волш е обвинет за убиство на сопругата Ана