Дали АјФон е најуспешниот производ на сите времиња?

Од:

Вредноста на „Епл“ пред почетокот на продажбата на АјФон била 106 милијарди долари. До денес се продадени околу 250 милиони АјФон уреди, па компанијата денес вреди околу 542 милијарди долари, што ја прави најскап деловен субјект во светот.

Минатата недела се навршија точно пет години од кога на Макворлд конференцијата во 2007 година, Стив Џобс го претстави првиот АјФон. Неговите, сега е целосно јасно, претскажувачки зборови беа: Денес Епл повторно ќе измисли телефон.

Оригинал

„Епл“ прв претстави вистински паметен телефон, кој имаше голем екран со мулти-тач контрола без тастатура и со тоа постави нови правила во индустријата која тој ден го промени текот.

Првиот оригинален АјФон, познат како АјФон 2G е претставен во 2007 година. Имаше модерен дизајн со алуминиумска позадина, екран од стакло и допадлива форма. Стив бараше екранот да нема ефтин пластичен дисплеј туку стаклен. Тој сакаше АјФон да биде поинаков.

– Луѓето АјФон ќе го носат во џебови и торбици со други работи како клучеви и други метални предмети. Не смееме да дозволиме телефонот да стане неупотреблив поради лош квалитет на екранот, им зборуваше Џобс на своите инжинери.

Тој ги постави стандардите иако имаше многу работа тоа да се направи. Тогаш не биле дозволени апликации кои потекнуваат надвор од кујната на „Епл“. Дури по една година „Епл“ го претстави App Store. Желбата на корисниците за апликации и од други производители влијаеше не појавата на jailbreak заедница.

Доминација

Почетокот на продажбата наговести повеќе од успешна иднина на смартфонот на „Епл“. АјФон преку ноќ стана тренди играчка и статусен симбол на модерниот свет. Сите сакаа да го имаат тоа чудо од техника, со кое се управува преку неговиот екран.

Денес АјФон е најуспешниот производ на „Епл“ чија продажба генерира (верувале или не) дури 56 отсто од вкупните приходи на тој информатички гигант. Преведено во бројки, тоа значи дека „Епл“ само врз основа на продажба на АјФон и поврзани производи, има поголеми приходи од прочуениот „Мајкрософт“, кој со години беше синоним за најуспешна информатичка компанија во светот.

Колку АјФон е значаен за работењето на „Епл“ зборува паралелниот приказ на вредноста на компанијата пред и по појавата на најпопуларниот смартфон на денешницата.

Имено, вредноста на „Епл“ пред почетокот на продажбата на АјФон била 106 милијарди долари. Денес компанијата вреди околу 542 милијарди долари, што ја чини најскапа компанија во светот.

АјФон vs Галакси

Единствена компанија чии производи колку-толку успеаја да парираат на Епловиот АјФон е јужнокорејската „Самсунг“, поточно неговата серија Галакси смартфон.

Иако на пазарот на паметни телефони денес има многу напредни модели и до крајот на годината очекуваме голем број нови Андроид и Виндоус Фоун телефони, кои ќе ја зголемат конкуренцијата на пазарот, многу аналитичари веќе во почетокот на оваа година заклучија дека титулата најдобар смартфон во 2012 година ќе припадне или на новиот Самсунговиот Галакси или на АјФон 5, иако тогаш не постоеја никакви службени информации за овие мобилни уреди.

Наследникот на најдобриот паметен телефон од 2011 година Самсунг го претстави во почетокот на мај, Галакси С3 кој може да се купи и во Црна Гора, веројатно хардверски најсилен модел на пазарот кој може да се пофали со голем екран, 4 јадрен процесор и одлична камера. За новиот модел на Епловиот паметен телефон службено нема никакви информации, но со оглед на многуте шпекулации околу овој модел, може да се заклучи дека АјФон 5 ќе донесе најголеми промени уште од претставување на првиот модел.

Последните објавени шпекулации велат дека новиот АјФон ќе биде потенок (само 7,6 мм) и дека ќе има екран со ширина како актуелниот модел 4С (58,6 мм), но поради поголемата дијагонала екранот ќе биде повисок – 124 мм во однос на 115 мм.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска