Економист – Лондон
Лагос се нарекува „центар на одлични постигнувања“, но има доста лоша репутација. Самото спомнување на трговската престолнина на Нигерија ја отвора сликата за криминалот, корупцијата и сообраќајниот метеж.
Телата на луѓе прегазени од автмобили можат со часови да бидат оставени по улиците, па дури и во најбогатите квартови, секој може да влета во престрелка меѓу вооружени банди и полицијата. Не чуди што на листата за квалитетот на животот на „Економист интелиџенс јунит“, која опфаќа 140 градови, Лагос е меѓу последните пет.
Опседнатата либиска престолнина Триполи е повисоко на листата, а Дамаск, над кој е надвисната војната, е само малку подолу.
Граѓаните на Лагос не ги почитуваат правилата – мажите уринираат по таблите на кои пишува „Не уринирај“, се занимаваат со трговија на мало таму каде што тоа е забрането, се групираат покрај таблите каде стои „Преминувањето и стоењето тука е забрането“.
Но сепак, градот сега е многу подобар отколку што беше пред две децении. Бола Тинубу, кој стана гувернер на државата Лагос кога во 1999 година беше воспоставена цивилна управа, се сеќава дека ја презел управата на еден „сиромашен кварт“.
– Сообраќајот беше хаотичен, инфраструктурата се распаѓаше. Насекаде имаше планини од отпад, си спомнува тој. – Имаше убиства, постојано се случуваа вороужени грабежи. Во просек се собираа по 10 до 15 тела од улиците секоја недела. Немаше никаква контрола, додава Тинубу.
На крајот од 90-те Лагос беше во банкрот затоа што беше лошо управуван. Брзиот раст на населението настана со надоаѓањето на емигранти од селата, кои доаѓаа во големиот град побрзо од инфраструктурниот развој, а нивото на проблемите растеше. Никој всушност не знае колку луѓе живеат во Лагос: се претпоставува меѓу 10 и 21 милиони, но оптоварените улици и мостови можат да услужат само дел од нив.
За време на управувањето на воената Федерална влада, воопшто не се обрнуваше внимание на градот. Во 1991 година, нигериската престолнина беше преместена во Абуџа, изграден во самиот центар на земјата за да се симоболизира единството. Таму се преселија политичарите, натаму потекоа државните средства за да се плати изградбата на широки булевари и дворци со мермерн подови.
Дури и по воспоставувањето на демократијата во 1999 година, Лагос продолжува да биде занемаруван, во најголема мера затоа што неговте жители дрско гласаа за опозициски партии – претходниците на партијата Конгрес на сите прогресивни сили, која оваа година го смени од власт претседателот на Народната демократска партија, која управуваше со Нигерија цели 16 години.
И Тинубу и неговиоот наследник на гувернерската позиција, Бабатунде Фашола, велат дека нивните обиди за реформи често биле саботирани од Федералната влада, на чие чело беше Народната демократска партија. Тие не ги проширија главните градски патни артерии кои се под федерална контрола, вклучително и магистралата која води до најголемото пристаниште во западна Африка.
Кабинетот ја одби одлука за изградба на важна железничка линија, за која Владата на државата Лагос сака да плати. – Не сакам да обвинувам, но знам дека нештата може и да се подобри, рече Фашола.
Наместо да се надева на средства од Абуџа, Лагос самиот учи како да си обезбеди пари. Создава не толку лош систем според кој следи какви му се расходите и како да собира даноци од жителите на градот, кои како што е познато, не горат од желба да ги плаќаат.
Приходите на државата сега достигнуваат 23 милијарди наири (115 милиони долари) месечно, а само до пред неколку години локалните власти немаа воопшто никакви приходи. Поделено според бројот на жители, тоа изнесува само по неколку долари даноци по глава на човек. Но и тие пари се доволни за да може Лагос да добива кредити за финаисирање на проекти, како што е крајно неопходниот мост кој ги поврзува скапите квартови Икои и Леки. Освен тоа, зависноста од собирањето на локални даноци ја принуди локалната власт да ги подобри услугите за да ги привлече бизнисите.
Во таа смисла, државата добро се справува. Годишно произведува околу 90 милиони долари во стоки и услуги, кое ја прави локалната економија поголема од таа на повеќето африкански држави, вклучувајќи ги и Гана и Кенија. Голем дел од економијата на Нигерија, која пред се се развиваше на север, сега е сконцентрирана во економската зона Агбара. Кон небото над градот се извиваат кранови, се освојуваат територии во морето, а претприемачите брзаат да ја задоволат големата глад за имоти.
Сет Каплан од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, тврди дека ако националните избори во Нигерија се караници за петродолари, тогаш на локалните избори во Лагос се претпочитаат кандидати кои покажуваат компетентност и прагматизам. Успешниот начин на кој опозицијата управува со Лагос изигра голема улога во нејзината убедлива победа на државните и националните избори на почетокот на годинава.
Сега кога партијата Конгрес на сите прогресивни сили ја држи власта во Абуџа, Лагос има шасни да се развите уште повеќе. Многумина се надеваат дека напорите на партијата веќе нема да бидат спречувани од владејачката партија, која се плаши да не падне во сенка.
Политичарите во престолнината исто можат да наиучат нешто од Лагпс – на пример, дека е подобро да се создаваат услови за собирање на даноците наместо да се потпирате само на нафтата (која носи над две третини од приходите на централната влада).
Поефикасното собирање на даноците може да го направи буџетот независен на големите менувања на цените на нафтата. Тоа може да доведе и до уште поголема транспратеност во владеењето: луќето кои плаќаат даноци и за тоа првенствено бараат подобри услуги.
Другата поука е што подобрата инфраструктура го засилува економскиот раст и ако немате пари да платите за нејзиното подобрување, тогаш може да повикате приватни инвеститори да го сторат тоа наместо вас: само погледнете ги патиштата и мостовите со патарина во Лагос.
За лошо управуваните држави во други делови од светот, големата лекција од Лагос е таа дека реформите во еден голем град можат понекогаш да извршат притисок за големи промени.