Цврстиот став на Германија кон Грција има огромна поддршка од јавноста

Од:

За разлика од голем број критичари во другите земји членки на ЕУ кои сметаат дека Германија ја понижува Грција со барањата за брзи и темелни реформи германските граѓани имаат поинаков став, јави дописникот на МИА од Берлин.

Дури 88 отсто од Германците сметаат дека Германија немала цврст однос кон Грција за време на преговорите кои рано изутрина завршија со договор за останување на Атина во еврозоната. Според телефонската анкета на телевизијата Н-ТВ која што е дел од мрежата на Си-ен-ен само 12 проценти од анкетираните сметаат дека Берлин претерал со притисокот кон Грција.

Доколку наместо канцеларка Меркел и министерот за финансии Шојбле одлучуваа граѓаните на Германија Грција веќе немаше да биде дел од еврогрупата покажува друга анкета на специјализираната агенција ЈуГов од Февруари годинава според чие истражување 48 отсто од Германците уште тогаш сакале Грција да „замине на одмор“ од еврозоната а само еден од тројца или 34 отсто имале желба Грција да остане дел од моннетарната унија.

Со оглед на тоа што од тогаш досега се случија низа настани кои што дополнително ги радикализираа грчко – германските односи како барањето за воени репарации во висина од над 200 милијарди евра јасно е на што се должи заострениот став на германските лидери кои што под притисок на анкетите од Грција побараа одстапки кои што до пред неколку месеци без незамисливи.

Покрај кратење на платите и пензиите Грција сега ќе мора државните ресурси во висина од 50 милијарди евра да ги даде на продажба преку странски фонд кој што нема да го контролира владата во Атина. Грција има рок од само три дена да донесе низа извонредно тешки закони за да почне преговори за трет пакет помош од кредиторите.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија