Сопственикот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг обелодени како избира кого од кандидатите кои аплицираат за вработување во неговата компанија да го ангажира.
Кога ќе се запознае со потенцијалниот иден работник, најбогатиот млад бизнисмен во светот си поставува себе си само едно прашање, пишува „Дејли Мејл“.
– Си го поставувам прашањето дали тоа е личноста за која и јас самиот би работел, изјави Цукенберг во обраќањето на конгресот „Мобајл Ворлд“ во Барселона. – Тоа е многу добар тест, додаде тој.