Црвениот крст ја прекина работата во Авганистан

Од:

Меѓународниот Црвен крст ја прекина работата во Авганистан, откако шестмина негови локални работиници беа убиени во северната провинција Џузџан, наведе претставникот на организацијата Томас Глас, кој го предводи одделот за врски на Црвениот крст во Кабул.

Шестмина работници вчера беа убиени од вооружен маж во округот Куштепа. Тие доставувале сено за добитокот на локалните сточари по силните врнежи од снег. Исчезнати се уште двајца работници.

– Одлучивме да ја прекинеме работата во Авганистан. Немаме намера да ги оставиме Авганистанците, тука сме 30 години, но ни треба време да ги анализираме последиците од нападот врз нашата дејност, истакна Глас.

Хуманитарната агенција го определи вчерашното убиство на шестмината работници како „беден чин“.

– Ништо не може да го оправда убиството на нашите колеги и драги пријатели, изјави раководителката на делегацијата на Црвениот крст во Авганистан Моника Занарели.

Тврдењата дека е вмешана Исламската држава се сомнителни, бидејќи не е утврдено присуство на групата толку далеку од источен Нангархар, Кунар и нејзиното мало упориште во Кабул, посочија авганистанските власти.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан