Црните кутии предадени на холандски истражни органи

Од:

Малезиски претставници ги предадоа црните кутии на холандските власти, кои ја предводат меѓународната истрага за падот на малезискиот патнички авион со 298 патници и членови на екипажот во Источна Украина, соопшти холандската Влада.

– Малезиски експерти ги предадоа црните кутии од летот МХ17 на Холандската комисија за безбедност, која ја предводи меѓународната истрага, се наведува во сопштението на холандското Министерство за надворешни работи.

Црните кутии се прадаени во Киев и ќе бидат префрлени во Велика Британија каде ќе се врши анализа на содржината.

Украина ја препушти на Холандија водечката улога во истрагата на причините за падот на малесизискиот авион, изјави холандскиот премиер Марк Руте, додавајќи дека првите тела на жртвите од авионската несреќа треба да стигнат денеска во Холандија.

Идентификувањето на жртвите, според холандскиот премиер, би можело да трае неколку недели или месеци. Во падот на малезискиот боинг на летот од Амстердам за Куала Лумпур минатата недела загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците