„Црниот папа“ планира да ги преобрази хомосексуалците

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Кардиналот кој има голема можност да го наследи Бенедикт XVI и да стане „прв црн папа“, 64-годишниот Петер Турксон од Гана, за британскиот „Дејли телеграф“ објаснува како ќе изгледа неговиот папски мандат, доколку биде избран.

Турксон рече дека најголем предивик ќе му претставува да ја задржи цврстата католичка доктрина, а при тоа да обезбеди црквата да оди во чекор со времето, односно да стане „не важен светски фактор“, како времето ќе одминува и светот ќе се менува.

-Мора да пронајдеме начини како ќе се носиме со новите предизвици кои пред нас ги поставува општеството и културата – изјави Турксон кој е конзервативен во однос на хомосексуалните бракови, односно како што тој ги нарекува „алтернативни стилови на живот“.

Тој додаде дека црквата треба да ги „евангелизира или преобрази“ сите они кои се препуштиле на „алтернативниот начин на живот, трендови“.

Турксон наведе дека титулата на поглавар на католичка црква носи и неизмерлив личен терет.

-Сигурно ќе има големо значење да станам папа. Тоа е голема промена и на лично ниво. Како надбискуп имав улога на водич, но тоа да се прави на светско ниво е задача од големи размери. Искуство кое ќе ми го смени животот – изјави кардиналот.

Потенцијалниот нов папа наведе дека секој сака да остави свој траг, а не да се обидува „да влезе во чевлите на другиот“, што јасно дава до знаење дека нема слепо да оди по патот кој на црквата и го одреди Бенедикт.

Тој наведе дека на Ватикан му е потребна „обнова“ и поправена слика во јавноста, по последните скандали.

Моментната состојба во Римокатоличката црква потресена со педофилските и други скандали, дури и со оној дека папиниот помошник украл тајни ватикански документи, Турксон ја спореди со брод кој поминува низ силна олуја“.

Според него еден од проблемите со кои во моментов црквата се бори е се помалиот број на верници.

-Во Европа црквите се празни, луѓето се одалечени од неа и од верата. Тоа се проблеми од кои мора да излеземе. Во Латиноамерика, Африка и Азија, каде црквата „расте“, треба да ги задржиме верниците.

Фактот дека го споменуваат како најдобар кандидат за наследник на папата Бенедикт, Турксон не сакаше да го коментира, само наведе претпоставките дека идниот папа ќе биде од Африка постојат низа години наназад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска