Црна Гора планира кандидатура за Совет за безбедност на ОН

Од:

Црна Гора планира кандидатура за членство во Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот од 2026 до 2027 година. Ова го покажува среднорочната програма за работа на црногорската Влада за периодот од 2022 до 2024 година.

Како што беше истакнато, црногорската влада планира за оваа кандидатура во 2024 година да има поддршка од 100 земји, јави РТЦГ.

Оваа кандидатура е планирана во делот „Зајакнување на ангажманот и видливоста на Црна Гора во мултилатералниот систем“.

„Со пристапувањето во Советот за безбедност на Обединетите нации, Црна Гора го потврдува својот кредибилитет во меѓународната заедница. Како членка на едно од главните тела на ОН, со својот глас и активно учество, Црна Гора активно би придонела за една од клучните цели на ОН зачувување на меѓународниот мир. На внатрешен план, членството во Советот за безбедност на ОН би ги зајакнало професионалните капацитети на органите на државната управа“, се наведува во програмата за работа на Владата.

Се планира формирање на работно тело за подготовка на црногорската кампања за оваа кандидатура.

Целта на изготвувањето на Среднорочната програма за работа за периодот 2022-2024 година и Програмата за работа за 2022 година е стремежот процесот да се направи што е можно поинклузивен и да се вклучат сите засегнати страни. беше јасно дека во овој случај потребно е да се вклучат сите оние кои сакаат да придонесат во развојот на еден од клучните документи на Владата“, се вели во владиниот документ. Врз основа на искуството во изготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2021 година, кога беа спроведени јавни консултации, кои резултираа со 361 јавен предлог, беше јасно дека во овој случај е неопходно да се вклучат сите оние кои сакаат да придонесат за еден од клучните владини документи“, се наведува во програмата на црногорската Влада.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица