Црн рекорд во Чешка: Повеќе од 30.000 заразени

Од:

Чешките власти регистрираа рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство на земјата.

Во извештајот се наведува дека во последното деноноќие се регистрирани 30.350 случаи на инфекција со коронавирус, поради ширењето на сојот Омикрон, во земја со 10,7 милиони жители.

Министерот за здравство на Чешката Република Властимил Валек изјави дека земјата се подготвува за ново ненадејно зголемување на бројот на заразени со омикрон и дека епидемијата би можела да го достигне својот врв до крајот на месецот, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница