Од оџакот на Сикстинската капела пред малку се појави црн чад, што означува дека кардиналите не успеаја да изберат папа на првите две гласања на денешното заседание на Папската конкалва.
Бидејќи на препладневите гласања не беше избран наследник на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој абдицираше на 28 февруари, 115-те кардиналите на Конклавата ќе гласаат уште двапати попладнево. Доколку ни по денешните четири гласања Католичката црква не добие нов поглавар, утре ќе се одржат нови четири гласања по истиот распоред.
Вчера по првото гласање од оџакот на Сикстинската капела, во која се одржува Конклавата, исто така излезе црн чад од запелните гласачки ливчиња.
Кога еден од кардиналите ќе добие двотретинско мнозинство или 77 гласови, што е услов за да стане нов понтиф, од оџакот ќе биде пуштен бел чад и ќе се огласат камбаните на базиликата „Свети Петар“.
Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди вчера изјави дека очекува оваа Папска конклава да трае најмногу четири дена, додека њујоршкиот надбискуп Тимоти Долан изјави се смета оти новиот папа ќе биде избран утре.