ЦИА поради Русија, изрежирала самоубиство на арихитектот на Аушвиц?

Од:

Американските тајни служби го изрежирале самоубиството на архитектот на Аушвиц и СС генерал, Ханс Камлер по што го однеле во Америка, со цел Русите да не го искористат неговото знаење, гласи една шокантна теза за која пишува списанието „ЗДФ историја“, а за која наводно постојат докази.

-Целата приказна за самоубиството е изрежирана, вели берлинскиот историчар Рајнер Карлш, кој тврди дека постојат повеќе документи кои ја потврдуваат неговата теорија, дека Камлер бил американски заробеник и дека го уапсила тогашната американска шпионска служба ЦИА.

Историчарот Матијас Ул од германскитот институт во Москва вели дека американските извештаи се поверодостојни од сведочењето на блиските соработници на Камлер, кои зборуваат за самоубиство.

Австралискиот режисер на документарни филмови, Андреас Зулцет во тек на истражување во Америка се сретнал со семејството на Доналд В. Ричардсон, кој бил ОСС-офицер (воена разузнавачка служба во Америка во 40-тите години) и работел по директива на генерал Ајзенхауер.

Еден од неговите синови изјавил дека неговиот татко имал задача да го доведе Камлер во Америка, бидејќи знаел да го произведе најмодерното оружје во тоа време. Како што рекол тој, татко му требало да спречи Камлер да дојде во рацете на руските тајни служби.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел