ЦИА започна внатрешна истрага за поранешниот шеф Дејвид Петреус кој минатата недела призна вон брачната афера и поднесе оставка.
Не се очекува тој да се соочи со обвинение, но агентите на ФБИ открија разни документи во станот на љубовницата Паула Бродвеј и може да реагираат доколку таа несоодветно примила класифицирани материјали.
Американскиот Јавен Обвинител Ерик Холдер изјави дека агентите не нашле нешто што би било закана за националната безбедност.