ЦИА користи сервери во Австралија за програмите за глобална Интернет шпионажа

Од:

Тајните служби на ЦИА користат четири објекти со моќни сервери, распоредени во Австралија, за да собираат информации, вклучувајќи и лични податоци преку Интернет, објави денеска австралискиот весник „Сиднеј морнинг хералд“.

Според поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден објектите се наоѓаат во градовите Алис Спрингс, Дарвин, Џералтон и во предградие на престолнината Канбера. Триесетгодишниот Сноуден работеше за американската Агенција за национална безбедност, која се занимава со електронска шпионажа.

Тој избега од САД во Хонгконг, за да ги обелодени тајните шпионски програми на ЦИА во САД и во целиот свет. Тој отпатува за Русија, за потоа да замине во држава која ќе му даде политички азил. Во моментот се уште се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.

Би можело да ве интересира

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Џон Ретклиф – нов директор на ЦИА

А1он

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик