ЦИА имала тајни затвори и во Романија

Од:

Поранешниот шеф на романската разузнавачка служба Јоан Талпеш тврди дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) најверојатно држела притвореници во тајни „тразитни центри“ во Романија, но дека властите во Букурешт не знаеле ништо за тоа.

Во интервју за весникот „Адеварул“, Талпеш изјавува дека по 11 септември 2001 година, Романија и САД разговарале за создавање на „центри за поддршка на ЦИА, на места кои Букурешт би им ги ставил на располагање на претставниците на Агенцијата, каде тие би можеле да организраат активности што би биле спроведувани во други земји“.

– Не постоеше место кое би се нарекувало притворски центар. Тоа едноставно беа транзитини центри, вели Талпеш, додавајќи дека таквиот став на Букурешт бил сосема разбирлив, имајќи пред вид дека во тој период Романија очекувала покана за прием во НАТО.

Талпеш тврди дека романските власти не се интересирале за тоа што прават Американците во „транзитните центри“, бидејќи сакале да му покажат на Вашингтон дека „може да им се верува“.

– Сигурно е само дека не знаевме дали таму има притвореници, изјави Талпеш, кој беше директор на романската разузнавачка служба од 2000 до 2004 година.

Досега беа објавени тврдења дека ЦИА имала тајни затвори во Полска, Литванија, Тајланд и Авганистан, а ова е прв пат и Романија да биде спомената како земја во која американските тајни служби времено држеле лица осомничени за терористички активности.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски