Чуркин: Русија ќе стави вето на резолуцијата за МХ17

Од:

Русија ќе стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за создавање специјален суд за падот на малезискиот авион МХ17, изјави рускиот амбасадор во СБ на ОН Виталиј Чуркин.

– Ќе гласаме против. Нема сомневање во тоа. Ако резолуцијата добие девет или повеќе гласови, ќе ставиме вето, рече тој.

Чуркин изјави дека е сигурен оти резолуцијата нема да биде усвоена и наведе дека оние кои се за нејзино усвојување „ќе се обидат да создадат нови несогласувања кои би можеле да имаат далекусежни последици по меѓународните односи“.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина