ЧСА подготвува масовни отпуштања

Од:

Чешката национална авионска компанија ЧСА подготвува откази за една третина од вработените и намалување на платите на останатите, објави весникот „Право“, повикувајќи се на писмени известувања кои дел од пилотите, стјуардите и администрацијата ги добиле по електронски пат од раководството.

Отпуштањата се однесуваат на 77 од 232 пилоти, 172-ца од 371 членови на екипажот, 66 од вкупно 268 административни работници, што е повеќе од 36 проценти, јави дописникот на МИА од Прага.

– На овој чекор, компанијата се одлучи по значителен годишен пад на бројот на резервации и превезени патници од Руската Федерација и други земји од поранешниот Советски Сојуз поради украинската криза, изјави за „Право“, портпаролот на ЧСА, Даниел Шабик, потврдувајќи ја информацијата за планираните откази.

Синдикатот на воздухопловните екипажи најави штрајк, доколку не бидат остварени разговори и преземени мерки за намалување на последиците во однос на интересите на вработените.

Чешкиот национален превозник отпушти неколку десетици вработени уште во јуни.

Авиокомпанијата, каде малцински удел има компанијата „Кореан Ер“, веќе неколку години наназад отпушта вработени и од над 4.600 вработени во 2008 година, останаа нецела една петина.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница