Човекот кој ја донесе Ал Каеда во Авганистан се кандидира за претседател

Од:

Абдул Расул Сајаф, за кого се тврди дека е одговорен за доаѓањето на Ал Каеда во Авганистан, денеска објави дека се кандидира за авганистански претседател.

– Денеска ја поднесов мојата кандидатура, за да им служам на моите сонародници и на мојата земја. Сакам да застанам рамо до рамо со тие кои навистина му служат на Авганистан, истакна Сајаф, откако беше регистриран во Изборната комисија во Кабул.

Милиони Авганистанци следната година ќе гласаат на претседателските избори, кои се оценуваат како најважни по воената интервенција против талибанците, предводена од САД, која почна пред 12 години.

Западните дипломати изразија длабока загриженост поради кандидатурата на Сајаф, со оглед на неговите мошне конзервативни ставови во однос на правата на жените и социјалните слободи, како и поради неговите тесни врски со исламистичките екстремисти.

Филипинската групација „Абу Сајаф“ е наречена по него, а самиот тој беше споменат во извештаите на комисијата, која ги истражуваше нападите од 11 септември 2001 година, како ментор на Халид Шеих Мохамед, мозокот на териростичките напади.

Сајаф е конзервативен ислмистички теолог. Во 80-те и 90-те години од минатиот век тој раководел со паравоени кампови за обука во Авганистан и Пакистан и наводно таму се запознал со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во 1996 година Сајаф му помогнал на Бин Ладен да дојде во Авганистан, откако беше протеран од Судан.

Сајаф ја објави кандидатурата два дена откако тоа го стори и еден од посериозните претенденти за претседателската фуниција, поранешниот лидер на Северната алијасна, Абдула Абдула.

Другите веројатни кандидати, како прозападно ориентираниот министер за надворешни работи Залмај Расул, либералот Ашраф Гани и братот на сегашниот претседател Хамид Карзаи, Абдул Кајум Карзаи се очекува своите кандидатури да ги поднесат следните денови, со оглед на тоа дека крајниот рок истекува в недела.

Според Уставот, Хамид Карзаи не може да се кандидира за уште еден мандат.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан