Човекот кој го спаси светот доби признание

Од:

Станислав Петров денеска има 74 година во 1983 година доби наредба која реши да ја одбие.

Неговата непослушност значеше и спас за светот кој го знаеме. Која беше наредбата што Петров не ја послуша?

Тој, на 26 септември 1983 година останал присебен и не го стиснал црвеното копче, со што целиот свет би го турнал во војна – Трета светска војна и тоа нуклеарна.

Петров, во осумдесетите години од минатиот век беше полковник во моќниот СССР и командир на центарот ОКО сместен во близина на Москва, значи во центарот на системот кој предупредувал на нуклеарни проектили што евентуално би биле насочени кон земјата.

Дента, на 26 септември 1983 година, во првите минути по полноќ, во центарот се огласил аларм. Системот јавил дека кон Москва од насоката на САД летнала балистичка ракета со нуклеарна бомба, а набрзо системот јавил за уште четири такви ракети. Ударот се очекувал веќе за неколку минути.

– Никогаш не ни помислував дека ќе се најдам во таква ситуација иако, во тоа време, бевме уверени дека Американците можат да не нападнат и дека прашање на времето е кога тоа ќе се случи. Студената војна, во тоа време, беше навистина студена – кажал Петров.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он